25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Tesla“ ги зголеми цените на своите модели ширум светот

„Tesla“ ги зголеми цените на своите модели ширум светот

Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ повторно ја зголеми продажната цена на своите модели, поради зголемените трошоци за производство и зголемената инфлација. Зголемувањето ќе влијае на пазарите ширум светот, што не е добра вест во услови на сета економска несигурност и долги редици луѓе кои чекаат да купат нов автомобил.

По неодамнешните зголемувања на цените во САД и Канада, „Tesla“ го прави истото во неколку земји во Европа, Кина, Австралија, Јужна Кореја и Јапонија. Промената ќе влијае на најпопуларните модели и модификации што ги нуди американскиот производител, а скокот на цените е сличен на оној во САД.

Во Германија, на пример, „Model 3 Long Range AWD“ сега чини 2.500 евра повеќе, додека во верзијата „Performance“ зголемувањето е 1.500 евра. Најпопуларниот модел во Кина – „Model Y Long Range“ поскапе за 2.600 евра, додека во Австралија промената на цените влијае на „Model Y“ во верзиите „RWD“ и „Performance“, бидејќи изнесува околу 2.700 австралиски долари (околу 1.300 евра).

Во меѓувреме, кинеските власти одлучија да ги забранат моделите на „Tesla“ во областа Бејдехе од 1-ви јули. Причината е што во популарното поморско одморалиште ќе се одржи затворен состанок на владата на земјата, при што властите стравуваат дека електричните автомобили на „Tesla“ може да ги користат странските разузнавачки служби за собирање информации.

Градските власти сè уште не ја потврдиле забраната, но на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како полицијата ги вади автомобилите на „Tesla“ од одредени области. Портпаролот на полицијата коментира дека „рестрикциите ќе бидат воведени наскоро“ и се очекува да бидат во сила околу два месеци.

Датумот на владиниот состанок во Бејдехе сѐ уште не е познат, но слична мерка беше воведена пред неколку недели во друг град, Ченгду. Ова се случи за време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг. Властите претходно им забранија на сопствениците на „Tesla“ да ги посетуваат воените бази или населбите каде што живеат, стравувајќи дека камерите инсталирани во електричните возила може да се користат за шпионажа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП