Хранливите влакна во овие намирници го „лекуваат“ запекот, го намалуваат холестеролот и ја поттикнуваат работата на метаболизмот.
Храната богата со хранливи влакна го забрзува метаболизмот, ги решава проблемите со столицата и го поттикнува согорувањето на масните наслаги. Овие намирници се богати со тие хранливи материи, а ги јаделе нашите баби.
Сливи

Да, сливите се одличен избор на диетални влакна кои ќе го стабилизираат варењето на храната. Но, тоа е само почеток на нивните здравствени „супермоќи“. Тие содржат и некои антиоксиданси кои се важни сојузници во борбата со дијабетес, дебелина и спречуваат срцеви болести.
Јадете свежи плодови како ужина, но можете да ги додадете и во овесна каша, јогурт или смути. Дозволете си себеси и парче колач од слива по рецептот на вашата баба.
Зелка

Зелката, како карфиолот, кељот и прокељот, е еден од најздравите зеленчуци кои можете да ги ставите во вашата чинија. Преполна е со фитонутритиенти, а особено со диетални влакна кои го „лекуваат“ запекот, го намалуваат холестеролот и ја поттикнуваат работата на метаболизмот. Најдобро е да ја исечете на тенки ленти и да ја јадете свежа во летни салати.
Грав

Не се откажувајте од градот ниту во летните месеци! Додадете го во омилените супи, салати и други јадења. Овој извор на растителни белковини и диетални влакна прави чуда за метаболизмот и телото. Гравот ефикасно заситува, а богат е со железо и магнезиум кои ги опуштаат мускулите после вежбање или пливање.