21 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМајкрософт го гаси легендарниот пребарувач по речиси три децении

Мајкрософт го гаси легендарниот пребарувач по речиси три децении

Мајкрософт го гаси Internet Explorer по 27 години.

Мајкрософт во голема мера го спроведува својот план за укинување на Internet Explorer, како што беше најавено минатата година, а крајниот датум е следниот ден – 15 јуни. Компанијата објави пред повеќе од една година дека Explorer ќе биде отстранет од Windows 10, додека неговата надградба во Windows 11 не беше ни вклучена.

Internet Explorer првпат се појави во 1995 година, како дел од Windows 95.

Во раните 2000-ти, Internet Explorer го држеше речиси целиот пазар. Познатиот прелистувач беше на својот врв во 2003 година со 95 отсто удел на пазарот. Потоа дојдоа Firefox и Opera, кои самите почнаа да се борат за својот дел.

Пресвртот дојде во 2009 година во време кога луѓето почнаа да очекуваат повеќе од нивните десктоп прелистувачи, а Мајкрософт не сакаше да додаде модерни функции. Тоа беше и годината кога Google го објави Chrome, што предизвика остар пад во користењето на Internet Explorer.

Chrome го имаше истиот пазарен удел како Internet Explorer до 2012 година, кога го остави прелистувачот на Microsoft, но и на сите други – “во прашина”.

Во 2016 година, Мајкрософт престана да го развива на сметка на новиот прелистувач Edge.

Бројот на корисници исто така е значително намален поради зголемената популарност на мобилните оперативни системи – Android и iOS, кои не поддржуваа Internet Explorer.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП