3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуси заинтересирани за Партизан и Звезда

Руси заинтересирани за Партизан и Звезда

fudball

За купувањето на двата најголеми фудбалски клубови Партизан и Црвена Звезда се заинтересирани руски милијардери, сопственици на два руски прволигаши.

Според информациите меѓу потенцијалните инвеститори се споменуваат актуелниот спонзор на Црвена Звезда, нафтената компанија Гаспром, но поранешниот шампион на Европа и Светот е интересен и за милијардерот Сулејман Керимов.

Сопственикот на рускиот премиерлигаш, Анжи одлучи да ги намали вложувањата во тој клуб, а причината за тоа се сериозните обвиненија на белорускиот истражен комитет за криминални активности, па доаѓањето во Србија и инвестирањето во спортот би му помогнало да ги пресели своите бизниси на пазарите во југоисточна Европа.

Кога станува збор за вредноста околу Маракана, таа според грубите проценки изнесува околу 64 милиони евра (имотот се простира на 16 хектари, а квадрат на деловен простор Црвена Звезда може да го добие за околу 400 евра).

А идниот сопственик на ФК Партизан ќе го добие и спортско-рекреативниот центар Земунело, кој е во сопственост на „црно-белите“ (површина од преку 10 хектари, седум тревни и два терени со вештачка трева, површина за градење од преку 4 илјади квадрати).

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП