23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Nintendo“ ја потврди новата „Switch“ конзола

„Nintendo“ ја потврди новата „Switch“ конзола

„Nintendo“ потврди дека објави нова „Switch“ конзола за да спречи хакерски модификации кои го таргетираат популарниот систем за игри.

Засега не е познато кога ќе биде објавена оваа нова верзија на конзолата, ниту какви хардверски промени добила. Нејзината објава беше потврдена за време на судењето на хакерот Гери Боусер од „Team Xecuter Group“.

Судењето заврши со изрекување на 40-месечна затворска казна за Баусер, а се појави и документација од овој случај која открива некои детали, меѓу кои и споменатата конзола.

„„Nintendo“ мораше да објави нова верзија на својот хардвер како одговор на хакерската алатка, а оваа модификација бараше безброј часови инженеринг и подесување на нашиот глобален синџир на производство и снабдување, и секако соодветни ресурси“, се вели во соопштението на „Нинтендо“.

„Овие ефекти се директен резултат на нападите на Баузер и „Team Xecuter“ врз нашите технолошки мерки за заштита“, додаваат од компанијата.

„Nintendo“ истакна дека е агресивен со тужбата и дека со голема сериозност го третира овој спор, за да испрати порака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП