Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повеќе не е најдобар тенисер на планетата откако и официјално му беа одземени бодовите од минатогодишниот Ролан Гарос. Ѓоковиќ досега на врвто на АТП листата бил рекордни 373 недели.
Првото место повторно го зазеде Данил Медведев, кој ја започна четвртата недела во кариерата, како светски број 1. Рускиот тенисер има 7.950 поени. Прв пат во кариерата на второто место се наоѓа Германецот, Александар Зверев, тој има 7.075 поени.

