23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајбруталниот камионет на светот? „Hennessey VelociRaptor 6x6“ (ФОТО/ВИДЕО)

Најбруталниот камионет на светот? „Hennessey VelociRaptor 6×6“ (ФОТО/ВИДЕО)

Американскиот одговор на монументалниот „Mercedes-AMG G63 6×6“ се крие зад името „Hennessey VelociRaptor 6×6“, а беше претставен на најголемиот саем за тјунирани возила „SEMA“ во Лас Вегас.

„Hennessey VelociRaptor 6×6“ изгледа малку како „Ford F-150 Raptor“, кој служи како негова основа. Со инсталирање на два турбополначи во 3,5-литарскиот „V6 EcoBoost“ мотор, моќноста надмина 600 ks.

Покрај тоа, „Brembo“ испорача тркачки сопирачки, а има и 20-инчни тркала со гуми „Toyo“ за теренско возење. Моќта се пренесува на патот преку сите шест тркала.

На крајот на годината теренски камионет ќе започне да се продава во само 50 преимероци, а секој заинтересиран купувач ќе треба да одвои 349.000 долари. „Hennessey VelociRaptor 6×6“ ќе се нуди директно преку „Hennessey Performance“, но и преку мрежа на овластени дилери на „Ford“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП