2 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПАко сте родени во овој знак, задолжително играјте лото! Астролозите откриваат кој...

Ако сте родени во овој знак, задолжително играјте лото! Астролозите откриваат кој има најмногу среќа

Астролозите наведоа на кои знаци од Зодијакот најмногу им се насмевнува среќата. Знаат да ја искористат секоја прилика за да се збогатат, а најмногу профитираат од игрите на среќа!

Според астролозите, најчести добитници на лотарии и игри на среќа се претставниците на овие три знаци – Девица, Близнаци и Водолија.

ДЕВИЦА

Девиците се навистина вредни, но одвреме-навреме сакаат да водат порасипнички живот, да трошат немилосрдно и да не се грижат за парите. Поради постојаната напорна работа и трпение, судбината често ги „почестува“. Условот е да се осмели да изигра некоја игра на среќа.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците се миленици на ѕвездите. Најчесто, од сите знаци, тие имаат најмногу среќа во лотаријата и другите игри на среќа. Колку пати сте слушнале дека некој ваш пријател кој е роден во овој знак, а неодамна се жалел на животот, наеднаш се збогатил? Не брзаат да ги потрошат парите кои „паднале од небо“. Долго размислуваат за секоја инвестиција, по потреба се консултираат со експерти и поискусни пријатели.

ВОДОЛИЈА

На Водолијата постојано и е главата во облаци, постојано сонува за посреќна иднина. Бидејќи се упорни во тоа, ѕвездите често им се реваншираат така што ќе им „пратат“ пари и подароци. Водолиите обожаваат да играат, да го победуваат „системот“ и да покажат дека се попаметни од сите и лесно добиваат пари. По правило не трошат ничии пари на „глупости“, но точно знаат каде ќе „оди секој денар“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП