25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако до рамномерен и природен тен на кожата, а истовремено и заштита...

Како до рамномерен и природен тен на кожата, а истовремено и заштита од сонце?

Овие денови сигурно се прашувате како да постигнете рамномерен и природен тен на кожата, а истовремено да ја заштитите кожата од сонце? Иновациите на Eucerin во медицинската козметика дефинитивно многу го олеснуваат животот. Веќе нема потреба да се комбинираат пудри со производи за заштита од сонце за да се покријат неправилностите на лицето, а притоа ефективно да бидеме заштитени од штетните сончеви зраци. Новиот Eucerin Sun Pigment Control Tinted гел-крем обезбедува заштита од сонце, а истовремено и рамномерен и природен тен на кожата.

Ефикасно ја заштитува и негува чувствител­ната кожа и не остава масни траги на кожата. Достапен е во две нијанси (светла и потемна) а со него се постигнува највисока заштита од сонце со Advanced Spectral Technology од Eucerin®. Комбинира анти­оксидант ликохалкон А за неутрализирање на слободните радикали предизвикани од УВ-те зраци и високоенергетската видлива (HEVIS) светлина, со глициретинска киселина чија што улога е да ги помага сопствените механизми за обновување на ДНК-та на кожата.

Производот не е масен, не е леплив и не остава бели траги, а се апсорбира во кожата за неколку секунди. Перфектно­ решение за сите кои што не ги сакаат стандардните креми за заштита од сонце.

А за да ви помогне целосно да се ослободите од пигментите дамки, отсега тука е и Eucerin Anti-Pigment Skin Perfecting серумот, кој содржи тијамидол за намалување на дамките и спречување на нивното повторно појавување. Тој се нанесува секојдневно, наутро и навечер, на чиста и добро измиена кожа, а првите видливи резултати ќе ги забележите уште по првите две недели од користење на овој производ.

Серумот на Eucerin ќе ја направи вашата кожа посјајна, помазна и ќе ги покрие и отстрани дамките. Истражувањата спроведени од Eucerin покажаа дека дури 73% од испитаниците забележале дека текстурата на кожата им се воедначува, а дури 75% пријавиле дека пигментните дамки целосно им исчезнале од кожата по 12-неделна употреба на Eucerin Anti-Pigment Skin Perfecting серумот.

Комбинацијата од овие два производи на Eucerin ќе ви помогне да бидете спокојни во текот на летото, без грижи за изгледот и здравјето на вашата кожа. Линијата Sun Oil Control ќе ве заштити од штетните сончеви зраци, а новиот Anti-Pigment серум со тијамидол ќе ја израмни вашата кожа и ќе ѝ го даде сјајот кој толку го посакувате.

Сончевите денови отсега ќе ги има се’ почесто, а тоа значи дека навреме треба да обезбедиме квалитетна заштита за нашата кожа, посебно оние кои се склони кон хиперпигментни промени на кожата. Се одложува фотостареењето на кожата и ни се овозможува да уживаме во благодетите на сонцето!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП