Еврото во однос на американскиот долар го дотигна нивото на првата појака поддршка при цена од 1,3137.
По вчерашната анализа може да забележете дека валутниот пар EUR/USD го допре дното при цена 1,3137 и се одби од истата при што се консолидира до моменталната цена 1,3167. Денес на пазарот очекуваме смирување на цената на EUR/USD и незначителни движења или таканаречен (Range) пазар со можност за корекција помеѓу 1,3140 и 1,3225.
Но сепак да не заборавиме на тензичната ситуација на блискиот исток која може да ескалира во секој момент при што би се одразила повторно бурно на берзите.
Доколку цената на EUR/USD денес остане во консолидација веројатно би достигнала ниво на отпор при цена 1,3225 или надолу до вчерашното дно 1,3137.
Доколку надолниот тренд продолжи и денес најверојатно ќе се спушти до наредното ниво на поддршка на цена од 1,3097 од каде би се одбила цената и повторно да се корегира.
При падот на цената во претходните денови се до денес доколку сте тргувале со продажни налози на Форекс сметка, продавајки од 1,3420 и излегување од позицијата на 1,3137 или земање на профитот со обем од 1 лот заработката би изнесувала 2900 долари за само една недела.
Срдечно,
Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.