ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ ќе падне на третото место на АТП листата

Ѓоковиќ ќе падне на третото место на АТП листата

Новак Ѓоковиќ, по четири часа голема борба загуби во четвртфиналето на Ролан Гарос од Рафаел Надал. Шпанецот победи во четири сета со 6:2, 4:6, 6:2 и 7:6 (4).

Српскиот тенисер не успеа да ја одбрани титулата освоена лани. Покрај неможноста да ја одбрани титулата, Ѓоковиќ по поразот остана и без првото место на АТП листата.

По 373 недели како број 1, од понеделник тој врвот ќе му го препушти на Данил Медведев или Александар Зверев.

Прашање е само кој од нив ќе биде прв, а кој втор. Русинот Данил Медведев, моментно вториот тенисер во светот, е елиминиран во осминафиналето на Ролан Гарос.

Доколку Зверев не го освои турнирот, Медведев ќе се врати на првото место, а Германецот ќе оди на второто место. Доколку Зверев победи во финалето на Ролан Гарос, тогаш ќе го преземе врвот на АТП листата, втор ќе биде Медведев, а трет Ѓоковиќ.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП