7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради лажни агенти Ерера не замина во Јунајтед

Поради лажни агенти Ерера не замина во Јунајтед

ereraa

Англискиот шампион Манчестер Јунајтед во последните минути од преодниот рок се обиде да го доведе Андер Ерера од Атлетик Билбао, но не успеа во намерата. Најавениот трансфер на фудбалерот на „баскиците“ во редовите на „ѓаволите“ пропаднал од неверојатни, за европските професионални лиги, причини.

Како што јавуваат островските медиуми, на преговорите со баскискиот тим вчера се појавиле тројца лажни претставници на Манчестер Јунајтед кои имале однапред подготвен договор за фудбалерот и биле подготвени да ја платат откупната клаузула. Сепак, челниците на Атлетик Билбао брзо ги откриле и ги исфрлиле од состанокот.

Брзо потоа пристигнале и вистинските претставници на Манчестер Јунајтед, но поучени и нервозни поради претходните „агенти“, челниците на Атлетик Билбао брзо ги прекинале преговорите и изјавиле дека не се подготвени да го продадат својот фудбалер. Поради тоа, трансферот пропаднал во последен момент.

Од редовите на Манчестер Јунајтед стигнаа деманти за натрапниците, а Дејвид Мојс изјави дека клубот не сакал да плати отштета од 31 милиони фунти за Ерера. Како и да е, работата не е завршена, а во последен момент англискиот првак го донесе Маруан Фелаини од Евертон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП