22 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете природно масло кое ќе ве заштити од сонцето, а и ќе ја...

Направете природно масло кое ќе ве заштити од сонцето, а и ќе ја освежи вашата кожа со бронзена боја

Рецептот настанал во период кога не постоеле денешните препарати, а на луѓето им била неопходна заштита од сонце.

Во некоја помала тегла ставете неколку изрендани моркови, насечкани зелени ореви, цветови од лаванда, а по желба можете да додадете и жалфија, 60% или 70%  од теглата треба да биде наполнета со овие намирници, додека останатиот дел треба да се дополни со маслиново масло.

Мешавината се остава на сонце од 20 до 25 дена, после тоа се цеди течноста во друг сад.

Маслиновото масло има природен заштитен фактор, што е неопходен во летните денови, а морковот и оревот дополнително го зголемуваат.

Морков е богат со бета-кератин и витамин А и се применува во модерните препарати за сончање, затоа што ја обновува кожата и го успорува нејзиното стареење.

Лавандата и жалфијата се одлични за кожата, делуваат против акни, изгореници, рани  а лековитата жалфија исто така помага при тргање на целулит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП