9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Instagram“ го менува логото и фонтот, ќе биде „пожив“

„Instagram“ го менува логото и фонтот, ќе биде „пожив“

„Instagram“ доби ново „визуелно освежување“, а тоа ќе се однесува на новото лого, фонтот и распоред на рекламите на цел екран.

Според компанијата, новиот дизајн ја става содржината во центарот со фокус на едноставноста и самоизразувањето.

За новото лого, тие користеа иновативен процес на 3D моделирање за да го направат поживописен.

За време на дизајнот на „Sansa“, целта беше фонтот да се направи глобално достапен, а тоа беше постигнато во партнерство со јазични експерти ширум светот, со цел социјалната мрежа да се прилагоди на глобалните скрипти, вклучувајќи арапски, тајландски и јапонски.

„„Instragram Sans“ е инспириран од дизајнерските елементи кои нашата заедница ги гледа секој ден, нашето лого и натпис. Нашиот нов фонт го нагласува нашиот посебен идентитет. Новиот фонт ќе биде дел од „Instagram Stories и Reels““, заклучуваат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП