28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Dyson“ развива роботи за сите домашни работи кои не сакаме да ги...

„Dyson“ развива роботи за сите домашни работи кои не сакаме да ги правиме (ВИДЕО)

Да бидаме искрени, никој не ги сака работите по дома. Зошто да губите време со миење и сушење садови, дружење со правосмукалката, чистење и други работи, кога истото време можете да го поминете правејќи ги работите што ги сакате? Без разлика дали се работи за гледање филм, играње видео игра, пешачење, риболов или нешто друго.

Секако, има машини за миење садови, перална, како и правосмукалки, но повторно мора да бидете таму, да ги ставите садовите во машината, да ја држите правосмукалката… на крајот, сепак, ништо без силна човечка рака. Но, за сето тоа треба уште време и нерви. Ни се чини дека „Dyson“ се водел по таа логика.

„Dyson“ штотуку откри дека со децении тајно работи на развој на домашни роботи, кои досега можевме да ги видиме само во ретро научно-фантастични филмови. Но, за што точно се работи? Претставена е можноста за домашни роботи кои се способни да извршуваат различни домашни работи. Така, „Dyson“ повеќе не сака да произведува само квалитетни правосмукалки, туку многу повеќе од тоа.

На пример, можете да видите како роботите претставени на видеото собираат разни работи расфрлани на подот. Друг робот ги поместува чиниите на место за да ги исуши. Третиот робот беше задолжен за автономно чистење на каучот со правосмукалка. Неколку различни решенија за некои од најомразените домашни задачи. Апсолутно одлично.

Роботите прикажани на видеото што можете да го видите на крајот од веста ја перципираат реалноста преку напредни сензори и камери. Според порталот „HotHardware“, роботите за оваа намена мора да бидат способни да препознаваат луѓе, но и да ја мапираат сопствената околина за успешно да ги извршуваат зададените задачи.

Вработувањето на повеќе од две илјади луѓе во изминатата година, главно во сегментот на роботиката, доволно говори за посветеноста на „Dyson“ за развој на вакви и слични технологии. Дополнително, во инвестицискиот план се издвоени 2,75 милијарди фунти за истражување и развој, така што патот е јасен. Во моментов нема информации кога вакви роботи ќе се појават во слободна продажба, но ако не прашате нас, тоа сигурно нема да биде наскоро.

На крајот на краиштата, погледнете го видеото и проценете сами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП