Манчестер Јунајтед има уште една катастрофална сезона зад себе. „Црвените ѓаволи“ останаа без пласман во Лигата на шампионите. Освоено е само шестото место во Премиерлигата, а голем удар тимот доживеа на крајот од сезоната кога беше декласиран од Брајтон со 4:0.
Кристијано Роналдо очигледно е многу разочаран од сето она што се случува во тимот. Тој останал дваесетина минути сам во соблекувалната по поразот од Брајтон.

