24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАViber не им функционира на некои корисници

Viber не им функционира на некои корисници

Многу корисници ширум светот пријавија дека имаат проблеми со пристапот до Viber.

Некои корисници на Viber не можат да испраќаат содржина или да добиваат повратни информации.

Популарниот сајт за следење на статусот на онлајн сервисот Down Detector наведува дека извештаите за исклучување на апликацијата Viber почнале да пристигнуваат утрово во 10 часот.

Многу корисници напишаа дека не можат да испраќаат пораки или да повикуваат.

Дополнително, пораките кои пристигнуваат доцнат по неколку минути.

„Пораката не може да се испрати“, „Поврзувањето се чека“, „Има проблеми со поврзувањето“, „Дали Viber падна? Не можам да испратам порака“ – се само дел од пораките на страницата Down Detector.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП