Милан е шампион на Италија, откако го декласира Сасуоло на гости со 0:3 и по 11 години го враќа пехарот на „Сан Сиро“. Тоа е вкупно 19. шампионски трофеј за „росонерите“ во Серија А.
Тимот на Стефано Пиоли ја реши работата уште во првото полувреме и воопшто не му дозволи на градскиот ривал Интер да се надева дека може да го одбрани „скудетото“. На крајот, за два чекори беше побрз во трката за титулата.

