30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо ги избра најдобрите 11 кои ги тренирал во кариерата

Мурињо ги избра најдобрите 11 кои ги тренирал во кариерата

Жозе Мурињо беше тренер на некои од најдобрите фудбалери во последните 20 години. Во интервју за „Дејли мирор“, тој доби тешка задача да ги одбере најдобрите 11 од сите играчи кои ги тренирал.

Бидејќи во кариерата ги тренираше Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, а сега и Рома, списокот на играчи беше огромен.

На крајот Мурињо стигна до идеалните 11, но за да состави тим мораше да изостави некои големи имиња како Икер Касиљас, Марсело, Карим Бензема, Златан Ибрахимовиќ, Самуел Ето, Весли Снајдер и Ромелу Лукаку.

Португалскиот стручњак избра формација 4-3-3.

Тимот што го избра изгледа вака: Петр Чех; Хавиер Занети, Џон Тери, Рикардо Карваљо, Ешли Кол; Клод Макелеле, Френк Лампард, Месут Озил; Еден Азар, Дидие Дрогба, Кристијано Роналдо.

Дури осум од 11-те избрани играчи ги тренирал во првиот мандат во Челси, а тука е и Азар, кого го тренираше во вториот мандат на „Стенфорд Бриџ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП