понеделник, 27 јуни 2022
ПочетнаДИЕТИСУПЕР ДИЕТА: Намалете 5 килограми за 10 дена

СУПЕР ДИЕТА: Намалете 5 килограми за 10 дена

Ако ви е неопходно експресно да изгубите неколку килограми, а сакате здраво да се храните ова е вистинската диета. Килограмите нема да ги вратите, ветуваат оние кои ја создале и таа нема да има лоши ефекти на психо-физичкото здравје.

Диетата трае 10 дена и ни ден повеќе. Она што е најдобро е што сами правите план на оброците и го прилагодувате на вашите желби и потреби.

Исто така, важно е додека сте на оваа диета да вежбате, затоа што без физичка активност нема да има резултат.

Јадете различно овошје, затоа што секое овошје содржи разни состојки кои на вашиот организам му се потребни за нормално да функционира. Истото важи и за зеленчукот, варен или динстан, некои видови на зеленчукот се добри антиоксиданси, други се добри поради влакната кои им помагаат на органите за варење, а некои поради витамините и минералите.

Некој зеленчук ќе ви помогне во битката со килограмите, некој ќе ви помогне да не се изгуби бојата на кожата и тенот, односно ќе ви го врати изгубениот сјај.

Нека  доминира  морковот, зелената салата, доматот, јадете што пошарено. На вашето диетално мени може да се најде и супа од зеленчук. Што се однесува до овошјето, јадете го во големи количини, а за оваа диета најдобро овошје е папајата, јаболките, јагодите, грејпфутот и малините.

Овие  овошја не само што ќе ви помогнат во согорувањето на  килограмите, туку од нив ќе ги добиете и неопходните витамини. Исто така, наместо овошје и зеленчук, може да јадете и јогурт со природни мусли.

За време на диетата ќе мора да заборавите на лебот, месото, сирењето, тестенините и благото. Тоа што зеленчукот и овошјето ќе ви помогнат да изгубите неколку килограми не значи дека смеете да јадете на секој час во неограничени количини.

Во еден ден мора да имате четири главни оброка – појадок, ручек, ужина и вечера. За секој оброк изедете по две шољи (2 dl) свеж зеленчук и една шоља овошје. Наместо супа можете да јадете мешана салата од  зеленчук. Зачинете ја со лимон, никако со преливи.

Пример на мени за еден ден:

Појадок: една шоља исецкано овошје, една шоља сок од домати и една чаша јогурт

Ручек: една шоља супа од зеленчук или чинија зелена салата, шоља исецкано овошје

Ужина: шоља исецкано овошје

Вечера: салата од зеленчук – краставица, морков, зелка, брокула, домат, зелена салата, шоља супа од зеленчук и шоља исецкано овошје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП