29 март, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 16.05.2022 до 22.05.2022

Неделен хороскоп 16.05.2022 до 22.05.2022

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Пред вас е поволен период во кој нема да имате премногу обврски, а сепак ќе имате шанси за напредок.

ЉУБОВ: На љубовното поле ве очекува поскладна ситуација со саканото лице. Ако сте слободни ви претстои флерт со Водолија.

ЗДРАВЈЕ: Без проблеми.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Сметате дека овој период ви е премногу важен за работата и се трудите да ги исполните сите очекувања.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, само препуштете им се на емоциите. Тие ќе ве водат.

ЗДРАВЈЕ: Можни мали проблеми со нервниот систем.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Можно е некое мало недоразбирање со соработниците од странство, па поведете сметка за тоа.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација е релаксирачка, нема да постојат проблеми за кои нема веднаш да најдете решение. Уживајте со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со висок крвен притисок.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Можете да очекувате стабилна финансиска ситуација ако донесувате разумни одлуки.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекуваат многу возбудливи случувања со Шкорпија.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Поволен период за работа, ќе ја имате поддршката која ви е неопходна во овој момент.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта лесно и отворено ќе ги покажувате емоциите кон саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: На полето за здравје речиси се е идеално.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Лесно ќе ги завршувате сите деловни обврски, кои сепак нема да ве сочекаат во мал број.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација е малку конфузна, пред се затоа што ни сами не сте сигурни што сакате.

ЗДРАВЈЕ: Осетливо тело, намален имунитет.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Пред вас е опуштена фаза во која нема да имате премногу деловни грижи.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува сјајна ситуација и прилика за нова врска и искрени емоции.

ЗДРАВЈЕ: Генерално поволно, можни мали главоболки.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Можете да очекувате подобрување на деловен план, како и помош од некој член од семејството.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, лесно ќе стапите во комуникација со лице кое живее далеку од вас. Немојте веднаш да се надевате на нешто големо.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со системот за варење и уринарниот тракт.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Поволен период за влегување во нови бизниси. Ќе имате добри понуди за кои добро треба да размислите.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација е интересна и ќе имате бројни прилики за флерт и познанства, оние во врска и брак ќе бидат среќни.

ЗДРАВЈЕ: Можна појава на алергија.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Ве очекува подобрување поврзано за вашата материјална ситуација.

ЉУБОВ: На полето за љубов се е онака како што сакате, без непредвидени промени.

ЗДРАВЈЕ: Направете проверка на крвната слика.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Ќе имате променливо расположение кое ќе ве доведе до променливи ситуации на деловен план.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, можете да очекувате некои мали разочарувања.

ЗДРАВЈЕ: Можни мали проблеми, поврзани со главата или очите.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Ќе сакате да одлутате, но немојте да си го дозволите тоа, бидејќи сепак ќе имате премногу обврски.

ЉУБОВ: Љубовната ситуација е многу интересна, доколку сте сами ќе се зближите со една мистериозна личност.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со циркулацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП