среда, 30 ноември 2022
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСледната година „iPhone 15“ ќе добие „USB-C“ порт

Следната година „iPhone 15“ ќе добие „USB-C“ порт

Според аналитичарите од „Ming-Chi Ku“, „Apple“ ќе го отфрли својот „Lightning“ порт и ќе се префрли на „USB-C“ на сите или можеби некои модели од линијата „iPhone 15“, кои се очекуваат во втората половина на 2023-та година.

Една од можните причини зошто „Apple“ реши конечно да се префрли на „USB-C“ портот после толку години, е зголемениот притисок што го наметнува Европската Унија по ова прашање.

Европската унија продолжува да спроведува мерки и да донесува регулативи кои на крајот ќе го принудат „Apple“ да го прифати „USB-C“ портот на сите свои модели на „iPhone“, како и „iPad“ и „AirPods“ што се продаваат во Европа.

Поголемиот дел од линијата „iPad“ на „Apple“ веќе има „USB-C“ за побрз пренос на податоци. „Apple“, исто така, може да одлучи да ги создаде своите уреди целосно без порти и целосно да се потпира на „MagSafe“ за пренос на датотеки и полнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП