29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМорничав детал од фотографија на карпа на површината на Марс изгледа како...

Морничав детал од фотографија на карпа на површината на Марс изгледа како премин направен од вонземјани(ФОТО)

Една од најновите снимки од роверот Curiosity на Марс откри прилично интересна формација во карпите, односно нешто што изгледа како совршено врежан премин лоциран во пејзажот на Марс.

Тој премин е толку морничаво убедлив што порталот Science Alert на шега пишува дека речиси се во искушение да почнат да веруваат дека води до мало скривалиште за марсовци или можеби до некој портал во друг универзум.

Во најмала рака, се чини дека сликата и геолошката карактеристика што ја направи Curiosity се доволни да инспирираат научно-фантастичен филм или два, пишува порталот.

Сепак, поразумните луѓе од Редит истакнаа дека најверојатно се работи за распад, односно резултат на некаков пострес на карпата што скршил дел и дека можеби тоа се случило поради земјотресот.

Најсилниот земјотрес некогаш регистриран на Црвената планета се случи неодамна, на 4 мај оваа година, а научниците се уште работат на тоа каде точно се случил и што го предизвикало.

Покрај тоа, иако карпестата формација слична на премин може да ни изгледа со целосна големина, исто така можно е да е шуплина, која ако се види во реалниот живот да е висока само неколку сантиметри, иако тоа е тешко да се одреди со сигурност од фотографијата.

Овде можете да видите поголема, обоена верзија на оригиналната слика. Необичен „премин“ се наоѓа кон врвот на композитната слика, малку лево од нејзиниот центар.

Сликата е направена на геолошката локација позната како Greenheugh Pediment, со камера на јарболот на роверот Curiosity, на 7 мај 2022 година.

Многу е веројатно некој од НАСА наскоро да разјасни за што всушност се работи, но засега нема објаснување од научниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП