19 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Honda“ изненади со нов модел – „ZR-V“ (ФОТО)

„Honda“ изненади со нов модел – „ZR-V“ (ФОТО)

Јапонскиот производител „Honda“ го најави објавувањето на новиот компактен „SUV“ модел за Кина, наречен„ ZR-V“, кој ќе го произведува локалното заедничко вложување „Guangqi Honda“. Од фотографиите е јасно дека кросоверот, кој ќе дебитира на 19-ти мај, е всушност американската спецификација на „Honda HR-V“, моделска 2023-та година.

Интересно, „Honda“ ќе го продава „ZR-V“ и на европскиот пазар, а тоа ќе се случи во 2023-та година. Изгледот на моделот е речиси идентичен со оној на американскиот „HR-V“ (на сликата подолу), но сѐ уште има некои мали исклучоци. На Стариот континент, новиот модел ќе се рангира над европскиот „HR-V“ и под поголемиот „CR-V“, заземајќи место во сегментот „C-SUV“.

Кинеската пазарна верзија на „Honda ZR-V“ го дели најголемиот дел од неговиот дизајн со спецификацијата на американскиор „HR-V“.

Напред, „LED“ фаровите имаат малку поинаква графика, а рабовите на браникот се украсени со сјајна црна пластика и хромирани акценти. Профилот е непроменет, освен новиот дизајн на тркалата, кој му дава луксузен изглед на „SUV“ моделот.

Промените го вклучуваат панорамскиот подвижен покрив, кој е поголем во „ZR-V“ благодарение на двојните стаклени панели. Конечно, задниот дел доби нов хромиран елемент во долниот дел на браникот, во кој се сместени двојните издувни цевки.

„Honda“ сè уште не ги откри спецификациите на „ZR-V“, но се очекува кросоверот да ги дели погонските единици на „Honda Civic“ и „Honda Integra“. Во Кина, најверојатно ќе го добие 1,5-литарскиот турбо бензинец, додека во Европа ќе биде достапен исклучиво во хибридна форма „e:HEV“ – исто како и целата гама на „Honda“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП