25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск го враќа Трамп на Твитер?

Маск го враќа Трамп на Твитер?

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, кој неодамна го купи Твитер, во вторникот изјави дека ќе ја укине забраната за користење на социјалната мрежа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Маск ова го изјави на конференцијата на Финеншел Тајмс “Future of the Car”. Маск, кој важи за „апсолутист за слободата на говорот“, неодамна плати 44 милијарди долари за Твитер.

Твитер не одговори на барањето за коментар.

Профилот на Трамп имаше повеќе од 88 милиони следбеници и беше отповикан при крајот на неговиот мандат и по долгогодишни дискусии за тоа како социјалните медиуми треба да управуваат со профилите на светските моќници.

Трамп беше трајно суспендиран од Твитер веднаш по нападот на Конгресот на 6 јануари, бидејќи, како што беше објаснето од платформата, „ризик од дополнително поттикнување на насилство“.

Маск ја нарече забраната „морално погрешна и едноставно глупава“.

Трамп изјави за Фокс њуз дека нема повторно да користи Твитер дури и ако Маск го купи и му го врати профилот.

Наместо тоа, тој ја користи сопствената социјална мрежа Truth Social, која ја лансираше кон крајот на февруари.

Портпаролот на Трамп се уште не ја коментирал веста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП