Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ испрати порака која можеби е и најдобар одговор за неверојатниот пресврт што Реал Мадрид го направи синоќа на „Сантијаго Бернабеу“ елиминирајќи го Манчестер Сити со 3:1.
„Ова е Реал Мадрид, не се обидувајте да разберете“, напиша Модриќ кој ќе се бори за петтата европска титула со „кралскиот“ клуб.

