24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНе е доволно скап? „Apple“ би можел да ја зголеми цената на...

Не е доволно скап? „Apple“ би можел да ја зголеми цената на новиот „iPhone“

Сѐ чини дека аналитичарите се задоволни од досегашната побарувачка и генерално очекуваат таа да остане релативно стабилна, но едно мислење се издвојува, а тоа е дека цените на „iPhone“ надвор од САД би можеле да пораснат.

Иако ова би можело да се случи со целата палета производи на „Apple“, веројатно ќе биде особено проблематично за идната серија „iPhone 14“. „Apple“ објави извештај за рекордната заработка за вториот квартал, но предупреди дека приходите во тековниот квартал ќе паднат за четири до осум милијарди долари поради пет проблеми.

Тим Кук, извршниот директор на „Apple“, посочи пет причини зошто приходите во третиот квартал се очекува да претрпат голем удар, имено:

– Недостатокот на компоненти

– Карантин поради Ковид-19 во Кина

– Слабости на курсот

– Губење на рускиот пазар

– Инфлацијата ја намалува потрошувачката моќ на клиентите

Аналитичарите на „Apple“ се генерално оптимисти, а еден од нив е Пајпер Сендлер, кој рече дека актуелните проблеми влијаат на деловните трендови, но дека компанијата оди во вистинската насока и дека овие краткорочни проблеми нема значително да влијаат на вкупната продажба на идните производи на „Apple“, како што е идната серија на „iPhone 14“.

Меѓутоа, еден аналитичар има различно мислење, т.е. тој предупреди дека цените на „iPhone“ може да се зголемат надвор од САД кога линијата „iPhone 14“ ќе биде лансирана наесен. Крис Касо предупреди дека проблемот со девизниот курс (долар-евро) може да биде долгорочен и дека, иако цените на производите на „Apple“ би можеле да пораснат надвор од САД, серијата „iPhone 14“ може да биде во најголем проблем поради времето на презентација.

Поради сите овие проблеми, „Apple“ не очекува да оствари рекордна заработка во есенскиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП