23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПротекоа плановите на Цукерберг: Мета подготвува „лаптоп за лице“

Протекоа плановите на Цукерберг: Мета подготвува „лаптоп за лице“

Плановите на Мета за иднината се добро познати и најчесто се поврзани со метаверзум, односно виртуелни светови во кои луѓето ќе живеат, работат, се забавуваат и слично. За да може да се пристапи до такви светови, потребен е посебен хардвер, односно очила за проширена и виртуелна реалност.

Медиумите веќе подолго време зборуваа дека Мета подготвува вакви наочари, а при промената на името од Фејсбук во Мета на крајот на минатата година се споменуваа и VR очилата. Гласините велат дека Мета веќе би ги претставил доколку немало проблеми со недостиг на компоненти и доцнење во глобалниот синџир на снабдување. Мета не подготвува само еден таков уред, туку наводно дури четири модели кои би требало да ја видат светлината на денот во следните две години.

Првиот ваков модел на паметни очила се развива под кодното име Project Cambria, а во Мета се нарекува и „face laptop“. Имено, се очекува да има спецификации слични на Chromebook-овите на Google, додека пак ќе користи на Мета VR оперативниот систем базиран на Android. Интересно, се чини дека компанијата на Цукерберг сака да ги претстави своите паметни очила како уред наменет за деловни луѓе, иако не поддржува десктоп апликации кои најчесто се користат за деловни цели.

Cambria треба да има камери кои ја снимаат околината и таа слика ќе се прикажува внатре во нив, а очилата треба да бидат поддржани со технологија за следење на видот и изразите на лицето, што ќе биде корисно во метапросторите бидејќи нивните изрази на лицето и насоката на погледот треба да ги имаат и нивните аватари во виртуелните светови како Horizon Worlds.

Последните информации објавени на интернет велат дека цената на овој уред би требало да биде повеќе од 799 долари, па не треба да очекувате преголема побарувачка за првиот модел на паметни очила. Се очекува продажбата да започне во септември оваа година, а Мета има намера да претстави нови модели во 2023 и 2024 година.

Исто така, за две години Мета планира да ги претстави своите први очила со поддршка за проширена реалност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП