ПочетнаИНТЕРЕСНОПогба со емотивна проштална порака до Мино Рајола

Погба со емотивна проштална порака до Мино Рајола

Пол Погба му оддаде последна почит на својот долгогодишен агент, Мино Рајола, кој почина на 54-годишна возраст по долга борба со болеста.

На Твитер, фудбалерот на Манчестер јунајтед, објави видео на кое е заедно со Холанѓанецот со италијанско потекло од посреќни времиња со порака: „Секогаш во моето срце, ти благодарам Мими“.

Рајола, кој исто така беше агент на Ерлинг Халанд и Златан Ибрахимовиќ, соработуваше со Погба од времето кога тој произлезе од академијата на Манчестер јунајтед како тинејџер, обезбедувајќи му го трансферот во Јувентус (бесплатно), исто како и враќањето во Јунајтед за 100 милиони евра.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП