27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes Benz Sprinter како камп возило

Mercedes Benz Sprinter како камп возило

mercedes_sprinter_camper

И додека поголемиот дел од производителите на автомобили се подготвуваат за Саемот во Франкфурт, за тоа време во друг германски град се оддржува фестивалот на рекреативни возила. Станува збор за манифестација која пред два дена почна во Дизелдорф, а еден од најинтересните новитети таму е секако концептот кој е направен врз основа на легендарниот „Mercedes Benz Sprinter“.

Овој „Caravan“, како што официјално се вика овој концепт, е интересен по тоа што е „скратена“ верзија на класичните камперски возила. Сепак тој во целост е функционален, а се заснова на верзијата на „Sprinter” со издигнат покрив.

mercedes_sprinter_campermercedes_sprinter_camper

Влегувањето во ова мини-камп возило е од страната или пак од задната врата преку купатилото.

Внатрешноста ја одликуваат седишта кои можат да се вртат во круг, во зависност дали се користат за возење или одмор, потоа клупа која со извлекување се претвора во функционален кревет, кујна и купатило со гардеробер.

Ова интересно возило го одликува високото ниво на квалитет во употребените материјали, меѓу кои е сивиот ламинат како подна облога и белата кожа на седиштата.

mercedes_sprinter_camper10779708661608905808

Целиот простор е опремен со амбиентално „LED“ осветлување, а што се однесува до екстериерот камперскиот „Sprinter“ ќе има сива металик боја.

Датумот на сериското производство ќе биде наскоро објавен, а останува да видиме колку сериската верзија ќе се разликува од претставениот концепт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП