26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Instagram“ ги копира „Twitter“ и „TickTok“ со новата функција

„Instagram“ ги копира „Twitter“ и „TickTok“ со новата функција

„Instagram“ тестира нова функција, која ќе им овозможи на корисниците да прикачуваат објави на својот профил, објави „TechCrunch“.

Функцијата, која моментално е достапна само за некои како дел од тестот, им овозможува на корисниците да означат одредена објава на врвот на нивниот профил. Опцијата е слична на закачените твитови на „Twitter“ или видео клипови на „TikTok“.

Обележувањето поединечни објави на „Instagram“ на врвот на профилот може да им овозможи на креаторите да привлечат внимание на својата содржина без да бараат од корисниците да се движат низ претходните објави за да го најдат она што го сакаат.

„Meta“ потврди дека ја тестира оваа опција, а по се изгледа веќе неколку месеци работи на функцијата, бидејќи таа е забележана во јануари.

„Instagram“ веќе им овозможува на корисниците да ја истакнуваат содржината „story`s“ што се појавува над објавите, а креаторите често ја користат функцијата за да организираат популарни содржини како што се прашања и одговори, ресурси, настани и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП