6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул му нудат нов договор на Јирген Клоп

Ливерпул му нудат нов договор на Јирген Клоп

Одличните резултати на тимот ги натераа челниците на Ливерпул да размислуваат за нов договор за менаџерот Јирген Клоп. Ливерпул се бори за четири трофеи во сезоната, веќе освои еден (Лига куп), а во игра се уште за три.

Јирген Клоп создаде моќна машинерија која меле се пред себе и јасно е дека Ливерпул сака да остане таму што е можно подолго.

Оттаму „Телеграф„ и „Тајмс“ објавија дека газдите од САД веќе му подготвуваат нова понуда. Неговиот актуелен договор е со важност до јуни 2024 година. Клоп дојде на „Енфилд“ есента 2015 година, а во последно време вешто избегнува да зборува за продолжувањето на соработката.

Сепак, британските медиуми пишуваат дека претседателот на „Фанвеј спортс груп“ (ФСГ) Мајк Гордон го следел натпреварот со Виљареал и негова главна задача е да го убеди Клоп да остане во клубот и по 2024 година.

Преговорите меѓу двете страни наводно веќе започнале, а Ливерпул понудиле нов четиригодишен договор според кој Клоп би останал во северозападна Англија најмалку до 2028 година.

ФСГ беше охрабрен од изјавите на Германецот за тоа како е подготвен да го продолжи престојот, иако неговата одлука ќе биде тесно поврзана со соработниците Пепин Линдерс и Петер Кревијец, кои исто така ќе се прашуваат дали сакаат толку долго да останат на „Енфилд“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП