24 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИОблачниот бизнис ги зголеми приходите на „Microsoft“

Облачниот бизнис ги зголеми приходите на „Microsoft“

„Microsoft“ ги објави деловните резултати за својот трет квартал, со заработка по акција од 2,22 долари, надминувајќи ја претходната проценка на инвеститорите од 2,18 долари. Приходите се зголемија за 18 отсто во однос на истиот период од минатата година на 49,4 милијарди долари, малку над претходната консензуална проценка од 49,03 милијарди долари.

Приходите од продуктивноста и деловните процеси се зголемија за 17 отсто на годишно ниво на 15,8 милијарди долари, приходите од „Intelligent Cloud“ се зголемија за 26 отсто на 19,1 милијарди долари, а приходите од „More Personal Computing“ се зголемија за 11 отсто на 14,5 милијарди долари.

„Во иднина, дигиталната технологија ќе биде клучен придонес што ќе го поттикне глобалното економско производство“, рече извршниот директор Сатја Надела.

„Ги прошируваме нашите можности и учествуваме во цела низа технологии, а истовремено им помагаме на клиентите да се разликуваат“, рече Надела, цитиран од „Investing“.

Компанијата во овој квартал купи сопствени акции во износ од 12,4 милијарди долари, што е за 25 отсто повеќе во однос на истиот квартал лани.

Иако по објавувањето на кварталниот извештај немаше поголеми движења на цените на акциите на компанијата, а по затворањето на берзата имаше благ пад, нивната вредност е зголемена за 20 отсто од почетокот на оваа календарска година и моментално изнесува 270 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП