19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајмалиот уред во вашиот дом троши струја како фрижидер

Најмалиот уред во вашиот дом троши струја како фрижидер

Сметките за струја за многумина се најголемата главоболка, особено во зимскиот период кога се додава и греењето.

Поради оваа причина, луѓето ширум светот се обидуваат да ги сведат на минимум, но не е секогаш така едноставно, особено кога не знаете кои се вашите најголеми потрошувачи.

Кога размислувате за работи кои трошат многу електрична енергија во вашето домаќинство, веројатно не го имате на ум овој минијатурен уред. Доколку го држите вклучен рутерот за интернет цел ден, тој ќе троши струја како и фрижидерот.

Затоа, треба да обрнете внимание на енергетските перформанси на рутерот пред да го купите и да се уверите дека има најмала можна потрошувачка на енергија кога е вклучен или кога е во режим на подготвеност.

Германската Федерална агенција за заштита на животната средина (UBA) тврди дека ова е особено важно доколку рутерот не може да се исклучи бидејќи користи и телефонска линија. Ако е така, советот е да набавите рутер кој има опција барем да го исклучи „wi-fi“-то кога не е во употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП