7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПелегрини го си го зема Демикелис во Сити

Пелегрини го си го зема Демикелис во Сити

demikelis

Манчестер Сити во своите редови доведе уште едно ново засилување, а тоа е Мартин Демикелис. Искусниот дефанзивец доаѓа на „Етихад“ од Атлетико Мадрид, каде што дојде како слободен играч, но не одигра ниту еден официјален натпревар.

Се очекува „јорганџиите” да добијат 5 милиони евра за него. Аргентинецот пак со „граѓаните“ потпиша договор за соработка во следните две години и ќе го носи број 26.

32-годишниот играч повторно ќе работи заедно со менаџерот Мануел Пелегрини, со кого соработуваа уште во Ривер Плата и Малага.

„Мило ми е што доаѓам во Манчестер Сити, бидејќи имам големи амбиции да постигнам успех и со клубот да остварам одлични резултати. По 11 години играње во Европа се радувам дека конечно добив шанса да си ја опипам среќата во Англија. Веројатно ќе имам потреба од извесно време за адатирање, но верувам дека нема да имам големи проблеми. Сакам да се оддолжам за добиената доверба и се надевам дека ќе добивам шанса да играм”, изјави Демикелис по трансферот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП