2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИ Столе Стоилов се прости од репрезентацијата: Благодарам Македонијо за се!

И Столе Стоилов се прости од репрезентацијата: Благодарам Македонијо за се!

Заминува Филип Миркуловски, но заминува и Стојанче Стоилов. Пикерот на Вардар одлучи да стави крај на репрезентативната кариера. Тој и заблагодари на цела Македонија за поддршката, вели дека имал чест да игра со многу големи ракометари и пред се со капитенот и сега селектор, Кире Лазаров.

„Би сакал да најавам дека се простувам од дресот на репрезентацијата. Благодарам Македонијо за се, ми беше чест што играв за македонската држава, што делев терен и соблекувална со големи ракометари и луѓе, треба да ги набројувам многу, сите ги респектирам, но еден е капитенот, Кире Лазаров. Моето тело едноставно не може да издржи такви напори. Немаше да се повлечам ако не мислев дека има одлични ракометари на мојата позиција, Жарко Пешевски, Никола Марковски. Ми треба одмор, од 2008 година не сум почувствувам навистина да се одморам“, изјави Стојанче Стоилов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП