6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПриведен третиот осомничен кој се бараше за убиството на ракометарот Тот

Приведен третиот осомничен кој се бараше за убиството на ракометарот Тот

Министерството за внатрешни работи утринава го извести Обвинителството дека е приведен А.Ѓ. по кој се трагаше за убиството на ракометарот Денис Тот.

„Лицето се предало на органите на прогонот на територијата на Скопје“, информираат од Обвинителството.

За осомничениот, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена.​ Полицијата соопшти дека осомничениот е спроведен во Затворот Скопје за издржување на притворот.

Министерството за внатрешни работи претходно вчера објави дека е распишана меѓународна потерница за осомничениот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП