23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПандемијата и карантините го „секнаа“ пиењето по кафеани - преполовен прометот во...

Пандемијата и карантините го „секнаа“ пиењето по кафеани – преполовен прометот во угостителските објекти – послабо се јадело и се пиеле жестоки пијалоци, кафиња

Пандемијата со корона вирусот и карантините го „секнаа“ пиењето по кафеани. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2020 година во однос на 2019 година е преполовен прометот во угостителството. Но, сумите кои македонците и странските туристи ги трошат на македонски специјалитети и пиење сепак не се за потценување. Станува збор за десетици милиони евра.

Па така, само за пиво по ресторани во 2019 година пред пандемијата граѓаните потрошиле неверојатни 15,5 милиони евра. Но  сумата е преполовена во 2020 година поради карантините , па граѓаните испиле пиво вредно 6,8 милиони евра.

Втор на листата омилени пијалоци е виното – во 2019 година било испиено по кафеани вино вредно 10 милиони евра, а 2020 година за 4,56 милиони евра.

А трет на листата е традиционалниот пијалок за македонците – ракијата. Во 2019 година се испила ракија вредна 4,58 милионие вра, за наредната година со карантините сумата да се преполови и да изнесува 2,36 милиони евра.

На жестоки пијалоци во предпандемиската година се трошеле 8,7 милиони евра, за во пандемиската 2020 година да се испијат многу помалку, за сума од 3,9 милиони евра.

Во пандемијата се штедело и на испиени сокови по рестоани. Но и на храна.

Во 2019 година граѓаните изеле македонски специјалитети во рестораните за сума од неверојатни 126,7 милиони евра. За во наредната година и оваа сума да се преполови – па гурманите се лишиле од задоволстввото за половина од сумата – изеле храна вредна 70,8 милиони евра.

Но паднал бројот и на испиeни кафиња. Па така ако во 2019 година се испиле кафиња, чаеви и млеко за 22,5 милиони евра, во нареднта пандемиска 2020 година се штедело и на кафе, па за напивки по рестораните се потрошени 8,3 милиони евра.

                               2019                                                                2020

Пиво                   15,5 милиони евра                                       6,8 милиони евра

Вино                     10 милиони евра                                         4,56 милиони евра

Ракија                    4,58 милиони евра                                    2,36 милиони евра

Жестоки пијалаи  8,7 милиони евра                                      3,9 милиони евра

Овошни сокови   2 милиони евра                                          917.000 евра

(концентрати)

Овошни сокови     4,3 милиони евра                                   2 милиони евра

(неконцентрати)  

Храна                     126,7 милиони евра                                 70,8 милиони евра

Напивки

(кафе, чај,  млеко)  22,5 милиони евра                                 8,3 милиони евра

Ноќевања                 44,2 милиони евра                              16,8 милиони евра

Извор: Државен завод за статистика – Статистички годишник 2021

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП