Камбекот на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, на АТП турнејата беше прекратен експресно, откако Шпанецот Алехандро Давидович Фокина го исфрли во второто коло на Мастерсот во Монте Карло по фантастичен меч од речиси три часа со 6:3/6:7(5)/6:1.
Давидович Фокина имаше фантастичен старт на мечот против Ѓоковиќ, за кој ова беше втор турнир во 2022 по настапот во Дубаи и прв турнир од европската сезона на земја. Тој успеа да направи три брејка во првиот сет, за потоа да има брејк предност и во вториот сет, за да дозволи Србинот да се врати и да израмни во тај-брејк.

