6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБилбао одби 26 милиони фунти за Ерера

Билбао одби 26 милиони фунти за Ерера

erera

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс претрпе уште еден крах во обид да го засили средниот ред на својот тим. Откако досега летово „црвените ѓаволи“ не успеаа во битките за Тиаго Алкантара, Цеск Фабрегас и Маруан Фелаини, сега шампионот на Англија доби негативен одговор на понудата од 26 милиони фунти за ѕвездата на Атлетик Билбао, Андерс Ерера.

Веста за понудата беше потврдена од претседателот на баскискиот клуб, Хосу Урутиа кој не го спомена клубот кој го упатил предлогот. Според англиските медиуми, сепак станува збор токму за Манчестер Јунајтед.

„Синоќа добивме понуда за Херера и го информиравме соодветниот клуб дека нема да преговараме за нашите играчи. Нашиот клуб е поразличен од другите и е заснован на чувствата и силните емоционални врски помеѓу сите во него. Нашата цел не е да правиме пари. За да си замине играчот, прво тој треба да изрази желба да го стори тоа, а потоа соодветниот клуб да ја плати неговата ослободувачка клаузула”, изјави Урутиа.

Според информациите ослободувачката клаузула во договорот на Херера е во износ од 30.75 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП