18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали научниците штотуку го направија првиот чекор кон запирање на стареењето?

Дали научниците штотуку го направија првиот чекор кон запирање на стареењето?

Дали научниците конечно открија рецепт за долговечност? Една нова студија објавена во списанието eLife е чекор во таа насока. Имено, научниците објавија дека успеале не само да го запрат стареењето на човечките клетки, туку и да го „вратат часовникот“ 30 години наназад.

Научниците истакнуваат дека развиле метод со кој можат делумно да ги вратат функциите на постарите клетки на кожата, но и да ја вратат нивната биолошка старост.

Имено, како што луѓето стареат, нивните клетки ги губат функциите, а на гените на овие клетки може да се забележат траги од стареење. Регенеративната биологија се занимава со истражување на поправка или замена на овие остарени клетки.

Според студијата, во експериментите кои симулирале повреда на површината на кожата, делумно обновените клетки се однесувале како млади клетки на кожата.

Иако ова сознание е сè уште во рана фаза, експертите истакнуваат дека во иднина би можело да направи револуција во регенеративната медицина. Особено ако овие резултати се применливи за други типови на клетки.

Со текот на времето, би можеле да ги идентификуваме гените кои се регенерираат без репрограмирање и прецизно да ги насочиме тие гени за да ги ублажиме ефектите од стареењето, вели професорот Волф Реик, шеф на групата научници, додавајќи дека тоа може да доведе до развој на нови третмани.

Др. Дилјет Гил, која учествувала во истражувањето во Институтот Бабрахам, истакна дека ова е голем чекор напред во разбирањето на клеточното репрограмирање.

Докажавме дека клетките може да се подмладат без губење на нивните функции, а се чини дека ова подмладување враќа некои функции на старите клетки. Фактот дека видовме и исчезнување на индикаторите за стареење во гените поврзани со болести е особено ветувачки, истакна д-р Гил.

Нивниот метод, базиран на техниката на создавање матични клетки, целосно го брише „идентитетот“ на клетката бидејќи делумно го запира делот што ги репрограмира клетките (и им дава нова функција). Ова им овозможува на истражувачите да најдат рамнотежа помеѓу репрограмирање на клетките, така што тие сепак се развиваат во одреден тип на клетка, но истовремено остануваат биолошки млади.

Научниците истакнуваат дека овој метод би можел да се примени и на други гени поврзани со болести кои се јавуваат во староста, како што се гените поврзани со Алцхајмерова болест и оние поврзани со развој на катаракта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП