24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАEpic Games и Lego работат на метаверзум за деца

Epic Games и Lego работат на метаверзум за деца

Epic Games и The Lego Group градат нов виртуелен свет за деца. Компаниите сè уште не откриле премногу детали, освен дeka планираат „да ја обликуваат иднината на метаверзумот за да биде безбеден и забавен за децата и семејствата“.

Двојката, наводно, се согласила на три принципи до кои треба да се придржуваат додека „градат импресивно, креативно, инспиративно и привлечно дигитално искуство“ во кое ќе уживаат луѓе од сите возрасти.

Нивната визија за метаверзум најверојатно ќе се натпреварува со Roblox. Платформата има огромна база на играчи, главно деца, и мерки за нивна заштита од содржини за возрасни.

Epic и Lego не ја објавија временската рамка кога ќе биде лансирана нивната колективна визија за виртуелниот свет.

Партнерството помеѓу Lego и Epic е само уште едно во низата компании кои ни ја даваат нивната визија за тоа како треба да изгледа метаверзумот. Најдобри примери се Meta и Decentraland, каде веќе се инвестираат пари во значителни количини.

Секако се поставува прашањето, колку е добро децата да се стават во виртуелна реалност, без разлика колку е тоа безбедно за нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП