Пари Сен-Жермен е подготвен да му даде на Килијан Мбапе 150 милиони евра за дополнителни две сезони на „Паркот на принцовите“, но францускиот ас чека Реал Мадрид да ја подобри понудата, тврди шпанскиот новинар Гијем Балаг, вообичаено добро информиран извор за трансферите.
Договорот на 23-годишниот Мбапе со ПСЖ завршува по крајот на сезоната и се веруваше дека веќе е договорено неговото преминување на „Сантијаго Бернабеу“, но тој постојано одбива да го потврди тоа, а последно изјави дека има нови елементи што ќе одлучат дали ќе остане во Париз.
