Британскиот премиер Борис Џонсон сметаа дека оние што се родени како мажи, односно трансродовите жени, не треба да добиваат дозвола да се натпреваруваат во женските спортови по контроверзиите во врска со спортските натпреварувања во САД и Британија.
„Не мислам дека биолошките мажи треба да учествуваат во женските спортски натпреварувања. Можеби тоа е контроверзно мислење, но за мене е сосема вообичаено. Верувам дека жените треба да имаат сопствени простории во затворите или во болниците. Знам дека ова ќе предизвика конфликт со некои од политичарите, но мора да го надминеме тоа. Тоа не значи дека не сочувствувам со луѓето што сакаат да го сменат својот пол, но ова се комплексни прашања што немаат едноставен одговор“, изјави Џонсон.

