Тимур Дибиров нема да го продолжи договорот со Вардар 1961. 38-годишниот ракометар, во подкастот на „Само ракомет“, откри дека ова е неговата последна сезона во црвено-црниот дрес.
„Сакам да објавам дека ова е последната сезона во Вардар. Би сакал да победиме во Битола, да ја освоиме титулата и на тој начин да се простам со Вардар“, вели Дибиров за „Само ракомет“.

