19 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета без гладување: Вклучете 3 јаболки во вашето мени

Диета без гладување: Вклучете 3 јаболки во вашето мени

Ова овошје треба да се јаде секој ден пред да појадувате, ручате, вечерате…

Јадењето на едно јаболко во денот помага да останете здрави, а три можат да ви помогнат да ги изгубите вишокот килограми. Со држењето диета со јаболка, секоја недела, вашето тело ќе биде полесно за по еден килограм. Диетата ја осмислила американската нутриционистка Тами Флин и таа подразбира пред појадок, ручек и вечера, да изедете по едно јаболко.

На овој начин ќе го зголемите чувството на ситост и за време на оброкот во организмот ќе внесете помала количина на храна. Јаболката се богати со диетални влакна кои поволно влијаат врз дигестивниот систем и го намалуваат нивото на холестерол, а исто така содржат и флавоноиди кои помагаат во спречувањето на срцеви болести и појава на рак.

Во текот на оваа диета, се советува конsумирање на четири до пет оброци дневно, додека внесувањето на грицки и слатки е забрането. Секој главен оброк треба да содржи протеини бидејќи тие го намалуваат апетитот и го забрзуваат губењето на килограмите. За да ја заситите гладта, но и да ја намалите желбата за слатки, неопходно е да јадете што повеќе разновидно овошје и зеленчук. Од намирниците уште се препорачуваат и немасен јогурт и сирење, зелена салата, брокула, јајца, говедско, риба, пилешко, мисиркино месо, овес и интегрален ориз.

За ефектот на оваа диета да биде уште поголем, експертите советуваат и вежбање три до четири пати неделно во траење од 30 минути.

Пример мени:

Појадок: Едно јаболко, омлет од јајца и немасно сирење

Предпладневна ужина: Кришка нискомаслено сирење и чаша нискомаслен јогурт

Ручек: Едно јабоко, пилешки гради на скара, варена брокула, 200 гр интегрален ориз.

Попладневна ужинка: Шолја какао

Вечера: Едно јаболко, риба на скара, зелена салата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП