4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕлмас погоди со Аталанта, Наполи го освои Бергамо

Елмас погоди со Аталанта, Наполи го освои Бергамо

Наполи оствари важна победа (1:3) против Аталанта на гости и се израмни бодовно со Милан на врвот на табелата во Серија А со по 66 бода. „Росонерите“ утре ќе го играат својот меч со Болоња од ова коло.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стрелец на третиот гол за Наполи во 81.минута, на асистенција на Ирвинг Лозано.

Во првото полувреме, Лоренцо Инсиње од пенал ги доведе „наполитанците“ во водство во 14.минута, а Матео Политано зголеми на 0:2 во 37.минута.

Мартен де Рон на почетокот на вториот дел даде надеж за Аталанта, но Елмас ги разреши дилемите.

Илија Несторовски по подолг период доби шанса во составот на Удинезе. Тој влезе во 75. минута на местото на Бето, кој постигна хет – трик во победата од 5:1 против Калјари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП