5 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПАстролозите согласни: Овој знак е најжежок во кревет

Астролозите согласни: Овој знак е најжежок во кревет

Дали сте токму вие овој знак во хороскопот?

Сите знаат дека според основните одлики на Шкорпијата, е хороскопскиот знак кој е најдобар во кревет. Но, ниту таа не е совршена. На некои можеби им се допаѓа Водолија, која сака да експериментира, некому дискретниот Овен, а на некои Девицата. Најдобриот хороскопски знак во кревет е оној кој најмногу ви одговара.

ОВЕН

Овој огнен знак е познат по својата директност. Овенот нема да се двоуми да ги сподели со вас своите најлуди фантазии. Единствениот проблем со нив е што сакаат одма да преминат на главното, па ако сакате малку подолга предигра, нема да се усреќите со Овенот. Но, секогаш можете да сметате на Овенот кога станува збор за преземање на водството. Сепак, најчесто сè се случува пребрзо.

БИК

За разлика од Овенот, Бикот сака да ужива во сексот и да се движи бавно. Романтичен вовед во форма на вечера или вино со свеќи е совршен за да ги загреете. А кога Бикот ќе се загрее, подгответе се за долга предигра, бидејќи тој сака да угодува. Ако сте романтични, Бикот е создаден за вас.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците ќе ја искористат сета своја интелигенција и генијалност за да ве соблечат. Па дури и кога ќе ве соблечат, ќе продолжат да ви ласкаат. Сексот со нив по телефон е совршен, бидејќи сакаат да зборуваат и имаат бујна фантазија.

РАК

Раковите се многу емотивни, па генерално не се согласуваат на секс доколку немаат силни емоции кон другата личност. Сексот за нив мора да биде убав, поетски и топол. Ако нежноста е она што најмногу го цените во сексот, Ракот е најдобриот избор за вас.

ЛАВ

Страсната и авантуристичка природа на Лавот не може да се заузда. Секогаш ќе наоѓа нови начини да ве задоволи и вие да го задоволите него, но постојано ќе се труди да остане доминантен. Нема да можете да го заборавите сексот со Лав, но не се разочарувајте кога ќе сфатите дека вашето задоволство е секогаш на второ место во однос на неговото.

ДЕВИЦА

Срамежливата и претпазлива Девица е изненадувачки слободна и разуздана во кревет. Резервираноста и приземноста не важат за нивната страст. Штом Девицата стекне доверба во вас, нема да имате момент на мир (барем кога станува збор за сексот).

ВАГА

Вагата е уметник кога е сексот во прашање. Сака да биде во совршена хармонија со партнерот, секој детал во околината да е на своето место и атмосферата да е идеална. Вагите сакаат убава долна облека, масажи со есенцијални масла и лесна музика. А оние кои завршуваат во кревет со нив делуваат опиено.

ШКОРПИЈА

Огнената и развратна, Шкорпијата го има најсилното либидо во целиот Зодијак. Нивниот сексуален магнетизам е тешко да се игнорира. Во кревет се покажуваат како совршени љубовници, сакаат да се задоволуваат и себеси и партнерот, но често сексот е се што им треба од вас, па после сексот, кога ќе се олади Шкорпијата, може да се чувствувате искористени.

СТРЕЛЕЦ

Стрелецот е мајстор за заведување и ужива во лов на нови „жртви“. Постојано ги подобрува вештините за заведување и цели кон предметот со своите желби само кога целосно ќе го разоружа, а потоа на сцена стапува неговата умешност во сексот. Доколку сакате интензивна предигра, Стрелецот е идеалниот избор за вас.

ЈАРЕЦ

Јарецот може да изгледа воздржано, но кога ќе дојде во кревет, тој е неочекувано страстен љубовник. Нему му треба многу за да го направи првиот чекор, трпелив е до граница на дрскост, но штом ќе легнете во кревет, Јарецот ќе ја покаже сета своја енергија и ќе даде се од себе да ве задоволи. Со Јарецот само треба да бидете трпеливи и ќе бидете наградени.

ВОДОЛИЈА

Ако сакате да експериментирате со сексот, одлично ќе се вклопите со Водолијата. Водолијата сака да размислува за нови начини на кои може да се задоволи себеси и партнерот и успева во тоа. Со Водолија во кревет никогаш нема да ви биде досадно.

РИБА

Како и Раковите, така и Рибите повеќе ќе ја ценат емотивната страна на сексот. Страст, љубов, внимание, трпение – сето тоа е важно за Рибите. Но, поголемиот дел од работата ќе треба да ја завршите во кревет. Рибите сакаат да бидат пасивни за време на сексуалниот однос и уживаат во вниманието кое им го дава партнерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП