7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Хеа и ВАР го спасија Јунајтед од пораз против Лестер

Де Хеа и ВАР го спасија Јунајтед од пораз против Лестер

Фудбалерите на Манчестер јунајтед уште еднаш киксираа на домашен терен во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ одиграа 1.1 со Лестер. Од пораз четата на Ралф Рангник ја спаси Давид Де Хеа и ВАР асистентот.

Манчестер јунатед уште еднаш ги разочара своите навивачи. Одиграа бледо прво полувреме, а во 63.минута „Олд Трафорд“ го шокираше Ихеначо. Само три минути подоцна Фред го израмни резултатот.

До крајот на натпреваорт играчите на Лестер беа поблиску до победата. Де Хеа имаше брилијантна интервенција кога го одбрани шутот на Фофана, а во 80.минута ВАР го поништи голот на Медисон.

На акцијата му претходеше прекршокот на Ихеначо врз Варан.

Јунајтед се шестти на табелата со 51 бод, колку што има и Тотенхем со натпревар помалку, додека Арсенал на четвртото место има три бода повеќе и два натпревари помалку од Манчестер јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП