8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Toyota“ ја претстави најмоќната „Corolla“ со 300 „коњи“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Toyota“ ја претстави најмоќната „Corolla“ со 300 „коњи“ (ФОТО/ВИДЕО)

По долго чекање, љубителите на јапонските „hot hatch“ автомобили можат да здивнат. „Toyota“ ја претстави моќната „GR Corolla“.

Под хаубата се наоѓа 3-цилиндричен 1,6-литарски турбо бензинец кој произведува дури 304 ks (224 kW) при 6.500 вртежи во минута и развива максимален вртежен момент од 370 Nm, во опсег од 3.000-5.500 вртежи во минута.

Моќта се пренесува на сите 4 тркала со помош на 6-брзински мануелен менувач, а во зависност од желбите на возачот, распределбата на вртежниот момент на оските (предно-задна) може да биде 60-40, 50-50 и 30-70.

„Toyota“ не објави детали за перформансите на овој автомобил, а доколку се направи споредба со верзијата „GR Yaris“ која има мотор кој произведува 261 ks (192 kW) и 360 Nm 0-100 km/h забрзувањето е за 5,5 секунди.

Треба да се напомене дека „GR Corolla“ има околу 40 „коњи“ повеќе под хаубата во однос на спортскиот „Yaris“, но и речиси 200 килограми повишок (автомобилот тежи 1.474 kg).

„Toyota GR Corolla“ е поставена на 18-инчни алуминиумски тркала, на кои се поставени гуми „Michelin Pilot Sport 4“ со големина 235/40R18.

Напред има суспензија од типот „Мекферсон“, додека задниот дел има двојна вилушка.

Продажбата ќе започне во есента 2022-ра година, до кога ќе се знае цената на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП